Ослободени од притвор уште двајца обвинети за бруталното насилство во Собранието

623

На поранешниот шеф на обезбедувањето на претседателот на Собранието, Горан Ѓошевски, и на екс началникот во МВР, Оливер Поповски, обвинети за настаните од 27 април во македонското Собрание, им се укинува мерката притвор за што е поднесена гаранција.

Во денешното соопштение од Основниот суд Скопје 1 се наведува дека Кривичниот совет го прифатил предлогот на одбраната да се укине притворот со гаранција.

– Кривичниот совет на одделението за гонење организиран криминал и корупција при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по поредлог на одбраната на Г.Ѓ., О.П. и З.С. опфатени со обвинителниот акт поврзан со настаните од 27 април 2017 год. во Собранието на Р.М., за укинување на мерката притвор, Советот донесе решенија со кои за обвинетите Г.Ѓ. и О.П. го прифати предлогот за определување мерка за обезбедување присуство – гаранција, со кои по правосилноста на решенијата и запишување на гаранцијата, мерката притвор ќе се укине, а заради обезбедување на присуство во текот на постапката им се определуваат и мерки за претпазливост, велат од Судот.

На обвинетиот З.С. мерката притвор му се заменува со мерка „куќен притвор“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...