Ослободениот во случајот со Села ќе бара државата да му плати за притворот од седум месеци

1271

Сашо Сенков, обвинет во случајот за обидот за убиство на Зијадин Села, за кој беше повлечено обвинетиот денеска најверојатно ќе излезе на слобода. Неговиот адвокат, Рубин Двојаков, најави дека тие ќе бараат општата што бил неправедно во притвор. Покрај тоа, трошоците за судската постапката што се водеше досега против Сенков ќе паднат на товар на државниот буџет.

Неофицијалните пресметки се дека за еден ден поминат во затвор чини околу 20 евра. Ако Сенков беше во притвор седум месеци тоа значи дека ако тој земе оштета од буџетот ќе треба да му се исплатат над 4.000 евра.

Обвинителството го повлече обвинението против Сенков бидејќи како што наведоа, од последната снимка и од анализата покажува дека тој не презел насилство кон оштетениот Зијадин Села ниту пак ги поттикнувал и охрабрувал по останатите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...