Вработена во градинка која сексуално злоставуваше група деца е ослободена од затвор откако помина десет години зад решетки, пренесува „Метро“.
Четириесет и деветгодишната Ванеса Џорџ беше уапсена по најдени фотографии на нејзиниот мобилен телефон како малтретира мали деца во градинка.
Оваа вест предизвика гнев кај семејствата на жрвите, кои молеле таа да биде оставена зад решетки.
Татко, кој уште не знае дали неговата мала ќерка била злоставувана, бидејќи Џорџ одби да ги каже сите свои жртви, вели за „Сан Онлајн“:
– Ако ја видам, ќе ја убијам. Дури и мојата ќерка да не била злоставувана. Згаден сум, целиот процес од старт до крај – дури до денес – е за никаде. Таа не треба да биде пуштена на слобода. Не спиевме цела ноќ поради ова.
ФОТО: Метро