Оскаровката Вајола Дејвис ќе ја игра поранешната американска прва дама Мишел Обама во новата ТВ-серија која под називот „Први дами“ ќе ја емитува америкаската кабелска и сателитска ТВ-мрежа „Шоутајм“, а ќе ги претставува животите на сопругите на американските претседатели во текот на историјата.
Во центарот на првата серија, која настанала по урнек на писателот и продуцент Арон Кули, ќе бидат Мишел Обама, Елинор Рузвелт и Бети Форд.
Серијата ќе им овозможи на гледачите увид во личниот и политичкиот живот на сопругите на американските претседатели.
Серијата ќе биде сместена повеќе во источното отколку во западното крило на Белата куќа.
Гледачите ќе откријат колку важни политички одлуки биле донесени во источното крило на Белата куќа, каде што се наоѓаат службените простории на американската прва дама и нејзиниот персонал.
FOTO: Getty Image/Instagram/Printskrin