Свеченото доделување на Оскарите, најгледаниот пренос од Холивуд, и на 9 февруари како и лани ќе остане без водител, соопштија организаторите.
– Одлучивме дека нема да има водител, затоа што минатогодишното доделување добро помина – изјавила кари Бурк, директорка на телевизијата Еј-би-си. Портпаролката на оваа медиумска куќа, која ја емитува церемонијата на Оскар, ги потврдила овие изјави за агенцијата „Франс прес“.
Откако водителот Кевин Харт во 2019 година мораше да се откаже од водење затоа што на Твитер беа откриени неговите стари хомофобични изјави, организаторите за првпат во изминатите 30 години одлучија таа вечер да помине без водител.
Тие сакаа да му дадат ритам на спектаклот кој ја губеше публиката и да задржат прифатливо времетраење од три часа и нивниот избор се покажа успешен со јасно зголемување на бројот на гледачи на телевизија.