Јапонката Наоми Осака го отпушти тренерот Џермејн Џенкис, со кого работеше од февруари. Ова го објави самата атлетичарка на нејзиниот Твитер.
– Сакам да ве известам дека јас и Џермејн веќе нема да работиме заедно. Му благадорам за времето поминато заедно, и за она што го научив од него, на и надвор од теренот. Но, чувствувам дека сега е вистинското време за промени. Благодарам за сè – напиша Осака.
Јапонката до неодамна беше прва светска тенисерка, а на последното рангирање на ВТА листа забележа пад од три позиции и сега се наоѓа на четвртото место.
ФОТО: EPA / JUSTIN LANE