Осака ја нарече Серена Вилијамс најголема на светот

115
EPA/ERIK S. LESSER

Јапонската тенисерка Наоми Осака изјави дека научила многу од турнирот во Торонто. Таа го загуби четвртфиналето од Серена Вилијамс која ја смета за најдобра на светот.

– Научив многу во последните денови. Играв со најголемата тенисерка на светот, се вратив на првото место на ранг-листата и што е најважно, повторно почнав да се смешкам за време на натпреварите. Многу ми е драго. Со нетрпение очекувам нови натпревари и нови лекции. Благодарам, Торонто се гледаме следниот пат – напиша Осака на Твитер.

Јапонката од понеделник повторно ќе биде на врвот на ВТА ранг-листата.

Photo: EPA/ERIK S. LESSER

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...