Јапонката Наоми Осака ги сподели нејзините очекувања за мечот од второто коло на „Ролан Гарос“ со белоруската тенисерка Викторија Азаренка. Таа претстојната средба ја нарече една од најтешките игри во годината.
– Неодамна, Викторија играше добро, така што оваа игра дефинитивно нема да биде како нашата средба во Рим. Ме очекува еден од најтешките мечеви во годината – изјави Осака.
Досега Осака и Азаренка двапати игра меѓусебно. На Австралија опен 2016 победи Азаренка, на турнирот во Рим минатата година Осака беше поуспешна.
Мечот се игра утре, Осака влегува како фаворитка. Таа е прва носителка на Грен слемот во Париз.
ФОТО: EPA / ALI HAIDER