Холивудската ѕвезда Орландо Блум им се пофали на фановите на Инстаграм со нова, необична тетоважа и ги замоли да откријат што таа значи.
Не помина многу време откако некои сфатија дека Орландо сакал со Морзеовата азбука да го напише името на неговиот син Флин, како и неговата дата и време на раѓање. Сепак, еден од неговите следбеници на Инстаграм јасно стави до знаење дека погрешно напишал една буква.
„Ако со Морзеова азбуката требало да пишува Флин, тогаш имате грешка“, гласи коментарот.
И другите следбеници исто така се вклучиле во дискусијата и откриле дека FRYNN, е напишано на раката, а не FLYNN како што се спелува ова име на англиски јазик.
Набргу потоа, мајсторот за тетоважи кој го истетовира Блум се огласил и истакнал дека знае за грешката и дека наскоро ќе ја преправи со додавање уште една точка.
Веднаш по корекцијата актерот се пофалил на Инстаграм со тетоважата без грешка.
„За среќа знам да спелувам. Засекогаш мое момче“, напишал Блум.
Набрзо и неговиот тату мајстор се пошегувал дека животот сега е вратен во нормала.
Орландо Блум го доби својот син Флин додека беше во брак со манекенката Миранда Кер.