Орбан: Сорос стои зад миграцијата на Балканот

199
ФОТО: EPA / ARIS OIKONOMOU / POOL

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска го обвини американскиот финансиер Џорџ Сорос и неговата мрежа за организирање на миграцијата низ целиот Балкан, пренесе унгарската агенција МТИ.

Во своето редовно интервју на јавното радио Кошут во петок наутро, Орбан рече дека организациите финансирани од Џорџ Сорос се вмешани во организирањето на миграцијата.

Орбан го окарактеризира Сорос како „светски олигарх број еден“ кој финансира невладини организации, групи и активисти во мрежи.

Тој рече дека „политичарите кои Сорос ги изнајмува“ се залагаат за миграција, додека Унгарија се противи на тоа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...