Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Никола Груевски, рече вчера унгарскиот премиер Виктор Орбан, унгарскиот новински сајт „Азонали“.
– Видете, нема време двапати да се вдише и издише, гледате како се натегаме тука – одговори Орбан на прашањето од „Азонали“ дали се сретнал со поранешниот македонски премиер кој преку Албанија, Црна Гора и Србија избега во Унгарија и таму доби азил.
Замолен да појасни дали се сретнал со Груевски кога овој пристигнал во Унгарија, Орбан одговара „Не, за жал тоа не се случи“.
– Сега сум среќен што сум жив. Не паничете, ако се случи тоа, ви ветувам дека ќе ви кажам – вели Орбан.