Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан денеска изјави дека 130.000 мигранти веќе ја поминале турско-грчката граница и оти мора да бидат запрени што е можно појужно.
– Нема да биде доволно да се одбрани грчко-турската граница – истакна Орбан на заедничката прес-конференција со премиерите од Вишеградската група (Полска, Словачка, Чешка и Унгарија) во Прага.
Тој додаде дека мигрантите кои ќе ја преминат грчката граница мора да бидат запрени пред да влезат во други земји. Орбан потенцира дека треба да им се пружи помош на Северна Македонија и на Србија, ако мигрантите го поминат нивните граници, додека Унгарија ќе биде последната бариера.
– Како последно средство ќе ја одбраниме европската надворешна граница – посочи Орбан.
Тој додаде дека на Самитот на Вишеградската група унгарскиот став за илегалната миграција стана општоприфатен во Европа.
ФОТО: EPA / SZILARD KOSZTICSAK