Општина Чаир му ги отстапува своите простории на универзитетот „Мајка Тереза” без пари

389

Општина Чаир ги отстапува своите простории на Универзитетот „Мајка Тереза” за образовна дејност, без надомест и на неопределено време.

Како што информира Општина Чаир, Договорот за користење на просториите на општината денеска го потпишаа градоначалникот Висар Ганиу и ректорот на Универзитетот „Мајка Тереза” Азиз Положани.

Градоначалникот Ганиу истакна дека со овој акт ја докажуваат нивната подготвеност за максимална помош и поддршка за универзитетите со цел зајакнување на нивните просторни капацитети и во служба на квалитетен образовен систем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...