Општина Центар на врвот на излезност на референдумот

Најмала излезност на референдумот до 13 часот има во општина Босилево  каде што 6,96 отсто од граѓаните со право на глас се изјасниле за референдумското прашање.

4121

Општина Центар, според податоците на Државната изборна комисија (ДИК) има најголема излезност на граѓаните на денешниот референдум до 13 часот.

Во оваа општина од 43.416 гласачи до 13 часот излегле 11.409 или 26,3 отсто од гласачите.

Во општина Карпош која е втора по излезност од 53.688 гласачи до 13 часот излегле да гласаат 12.863 гласачи, осносно 23,97 отсто.

Трета е општина Крива Паланка каде што излегле 22,4 отсто од гласачите. Во општина Сарај пак гласале – 21,24 отсто од гласачите, додека пак во Општина Крушево – 20,77 отсто.

Најмала излезност на референдумот до 13 часот има во општина Босилево  каде што 6,96 отсто од граѓаните со право на глас се изјасниле за референдумското прашање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...