Општина Куманово ќе донира 300.000 денари за збратимениот Драч

55

Советниците од Советот на општина Куманово денеска на вонредна седница донесоа одлука за исплата на пари од Буџетот на Општина Куманово за хуманитарна помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во општина Драч, Албанија.

Од буџетот на Општината за 2019 година ќе се исплатат 300.000 денари. Средствата ќе се искористат за набавка на прехранбени и санитарно-хигиенски производи кои ќе бидат донирани како хуманитарна помош за настраданото население од катастрофалниот земјотрес во збратимената општина Драч.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...