Општина Куманово постави подигнати пешачки премини на неколку локации во Куманово, пред основни и средни училишта.
„Лежечките полицајци“, информираа денеска од општината, се поставуваат преку иницијатива на Заедницата на единиците на локалните самоуправи за користење основни сообраќајни проекти со позитивна ревизија за поставување на подигнатите пешачки премини.
Општина Куманово досега искористила осум проекти со ревизија за вкупно 12 локации, а на располагање има 21 средство.
СВР Куманово како институција, која е задолжена за издавање на согласност, досега позитивно се произнела за искористените средства. Досега се поставени пет подигнати пешачки премини, а во наредните 30 до 60 дена ќе бидат поставени останатите кои вертикално и хоризонтално ќе бидат обележани.