Општина Куманово ги намалува долговите, инфраструктурата приоритет

83

Изградба на регионални и локални патишта, водоводи и канализации, најави денеска премиерот Зоран Заев на средбата со градоначалникот Максим Димитриевски. Куманово, како што истакна Заев, за многу кратко време ќе заличи на модерен европски град.

– Во општина Куманово и во околните средини во претстојните месеци ќе се изградат бројни регионални и локални патишта, водоводи и канализации. Истовремено, покрај новоизградената градинка лани, годинава ќе се прошират капацитетите на објектот „Синоличка“ – рече Заев, истакнувајќи дека околу 30% од буџетот на Јавното претпријатие за државни патишта за претстојната година се наменети токму за проекти од исклучителна важност за граѓаните на Куманово и на околината.

Градоначалникот Димитриевски потенцира дека Општината полека излегува од големите долгови со кои се соочувала со години. Воедно информира дека во рамки на три основни училиште се изградени или допрва ќе се градат спортски сали. Потсети и дека Министерството за култура го прогласи Куманово за град на културата за 2019 година и поради фактот што годинава се одбележува голема годишнина, пет века постоење.

На средбата присуствуваше и заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...