Општина Карпош прати 103 ученици на заслужен одмор во Грција

307

Рано утринава, 103 ученици од Општина Карпош заминаа на одмор во во кампот „Александра“ во Грција. Станува збор за осум првенци на генерација, 38 ученици во социјален ризик и 57 спортисти.

Ова се учениците кои во текот на изминатата учебна година покажаа најдобри резултати во наставниот дел и во спортот.

Од оваа година, потенцираат од Општината, се зголеми опфатот на деца и локалната самоуправа одлучила да даде простор и на учениците од социјално – загрозените семејства.

„На овој начин обезбедуваме поттик и поголем простор за дружење меѓу сите ученици кои една недела ќе имаат можност да другаруваат, да спортуваат и да се рекреираат. Предвидени се различни активности за учениците: пинг – понг, игри без граници, тематски забави на плажа, водени спортови, одбојка итн“, наведуваат од Општината.

За децата ќе се грижат и вработени во одделенијата за образование и за спорт и култура во Општина Карпош, како и обучени тренери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...