Општина Карпош донираше пет прочистувачи на воздух во градинка ВИДЕО

193

Во пресрет на 42-от роденден на Општина Карпош, 3-ти ноември, денеска, градоначалникот Стефан Богоев подари уште пет прочистувачи на воздух во клонот на градинаката „Орце Николов“ во Карпош 4.

– Како дел од серијата активности кои ги организиравме по повод Денот на Општината, со донацијата на пет прочистувачи на воздух за оваа градинка, сакаме да покажеме што сите ние, како локална самоуправа, но и како општествено одговорни компании, можеме да направиме за нашите сограѓани – рече Богоев.

Со овие пет прочистувачи, овој објект во целост ќе биде покриен, односно ќе има прочистувачи на воздух во сите занимални каде што престојуваат дечињата згрижени во оваа предучилишна установа.

На овој начин, нагласи Богоев сакаме превентивно да ги заштитиме најмладите, барем во оној дел од денот додека престојуваат тука, пред да дојде зимскиот период, кога е и  „сезона“ на зголемено загадување.

– Овие прочистувачи се од минатогодишната акција, кога ги повикавме приватните компании на општествена одговорност, да донираат прочистувачи за воздух за градинките во Карпош. Ја користам оваа прилика да им се заблагодарам на сите компании кои донираа, но, и да ги охрабрам сите општествено одговорни лица и компании да излезат и повторно да донираат прочистувачи на воздух за детските установи. Штом ќе обезбедиме доволно прочистувачи за градинките, интенција ни е да преминеме и на основните училишта. Секако тука е и Општината која ќе излезе во пресрет во набавувањето на прочистувачи со средства од општинскиот буџет – заклучи Богоев.

Донацијата за децата од оваа градинка Богоев и ја врачи на директорката на градинката „Орце Николов“ Надица Гировска, која се заблагодари во името на сите дечиња кои .престојуваат и се воспитуваат тука.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...