На 71 најталентиран ученик и спортист од сите десет основни училишта во Општина Карпош денеска, на свечен начин им беа предадени решенијата за исплата на стипендии со кои локалната самоуправа ќе ги поддржува основците во учебната 2018/2019 година, соопшти Општината.
– Карпош има навистина многу таленти, и ние, како Општина, ги поддржуваме целосно и конкретно. Поточно од општинската каса се издвоени 1,5 милиони денари за стипендии, од кои 51 стипендија за вонредно успешни ученици и 20 стипендии за талентирани спортисти и спортистки од училиштата во Карпош. Ваквата поддршка нека биде само поттик плус за нашите талентирани ученици и спортисти да продолжат и натаму да се развиваат во тој правец. Треба да знаат дека Општината, не само со стипендии, туку на секаков можен начин ќе ги поттикнува да одат напред. Сакам да им честитам на сите успешни ученици – рече Богоев.
Градоначалникот им изрази и искрени честитки и на наставниците и родителите на успешните основци, без чија помош тие намаше да бидат ова што се денес и да постигнуваат врвни резултати во науката и спортот.
Локалната самоуправа поддржа 20 ученици со врвни спортски резултати со околу 500 илјади денари, при што се финасираат 16 талентирани спортисти од прва категорија кои ќе добиваат по 3.000 денари месечно, а четири спортисти ќе добиваат по 2.000 денари во период од осум месеци.
Доделени се и 51 стипендија за талентирани ученици според постигнатите резултатите и успехот што го имале во школските натпревари на знаење, од кои 20 ученици од 8 и 9-то одделение се стипендисти од прва категорија, односно ќе добијат стипендии од по 2.500 денари и 31 ученик ќе користи стипендија од по 2.000 денари месечно, како стипендисти од втора категоријаили, или за нив, од Буџетот на Општината за нив ќе се одвојат околу 996.000 денари.