Општина Гостивар ќе прогласи тридневна жалост

282

Советот на Општина Гостивар утре напладне ќе одржи вонредна седница по повод трагичниот настан кој се случи како последица на сообраќајна незгода, при што загинаа 13 лица и триесетина други беа повредени.

На утрешната седница, како што соопштија од Општина Гостивар, се очекува советниците да донесат одлука за прогласување на тридневна жалост во знак на почит кон загинатите.

Општина Гостивар, на семејствата на загинатите им изразува сочувство, а на преживеаните што поскоро целосно оздравување.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...