Општина Аеродром ќе го преиспита договорот со маркетинг агенцијата вреден 73.000 евра

700

Општина Аеродром ќе го преиспита договорот со приватна маркетинг агенција со која градоначалникот Златко Марин, склучи договор вреден 73.000 евра за да ги информира аеродромци што ќе сработи за нив. 

„Иницијалната потреба за зајакнување на капацитетите за информирање и едукација на граѓаните ќе биде преиспитана исклучиво врз точно одредување на јавниот интерес и критериумите за одговорни јавни комуникации. Тоа значи одговорно трошење на парите на граѓаните, економичност и рационалност, интегритет во јавните комуникации преку отворено, транспарентно, објективно и релевантно комуницирање со граѓаните“, соопшти општината, која најави дека ќе ги извести граѓаните за следните чекори.

 

 

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...