Општина Центар ги демантира написите во одредени медиуми во врска со затворањето на читалните кои функционираат на територија на општината.
„Поради високата кирија која општината ја плаќа за просторот, една од читалните ќе биде преместена на друго место, а другата ќе продолжи да работи во досегашните простории. Општина Центар дополнително ќе ги извести граѓаните за новата локација на читалната“, информира локалната власт.
Градоначалникот Саша Богдановиќ на Фејсбук потврди дека поради високите кирии кои општината ги плаќа за читалните, дел ќе бидат преместени на други локации, а дел ќе останат на истото место.