Општина Кисела Вода заврши со есенско уништување на штетни глодари

145

Општина Кисела Вода заврши со активностите за есенска дератизација за уништување на штетни глодари на својата територија. Со истата беа опфатени 3863 шахти, во сите месни и урбани заедници, соопштија денеска од оваа општина.

Оттаму додаваат дека работните активности на терен ги извршила фирмата Токси Вет, во соработка со ЈП Водовод и Канализација, преку Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животната средина.

Локалната самоуправа спроведува акции за уништување на штетните глодари два пати годишно, напролет и наесен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...