Акцијата која што започна на 02 април и требаше да трае до 15 мај за плаќање на заостанат долг на рати и без камати, поради голем интерес од граѓаните се продолжува до 29 мај, соопшти денеска ЈП „Водовод и канализација“, со цел да им излезе пресрет на сите корисници.
Корисниците на услугите на ЈП Водовод и канализација – Скопје, кои имаат заостанат долг за вода (по основ на тужени сметки и редовени сметки) ќе имаат можност да го платат на рати и без пресметана камата за задоцнето плаќање.
Физичките лица и правни лица ќе може да го исплаќаат својот долг со склучување на договор до 24-месечни рати во зависност од висината на долгот.