Оптимисти сме дека има двотретинско мнозинтво ама ќе видиме во понеделник, вели Османи

839

Вицепремиерот Бујар Османи во однос на обезбедната бројка на пратеници кои ќе ги изгласаат уставните измени рече дека се оптимисти и дека има двотретинско мнозинство во Собранието за уставните измени.

– Се разбира дека тоа ќе треба да го видиме во понеделник. Меѓутоа, тоа што е важно е дека тоа двотретинско мнозинство нема да биде потребно само при првото гласање, ќе биде потребно и при последното гласање, што ќе биде после три месеци. Очекуваме дека ќе има различни видови притисоци, така што тоа го прави комплексен целиот процес на уставни измени, меѓутоа секој сфаќа дека алтернатива на недонесување на одлука сега во Собрание е многу непредвидлива, многу опасна за државата – изјави Османи.

Тој негираше какви било притисоци до него. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...