Браво Заев, Твојот оптимизам и упорност за цело време од преговарањето, потпишувањето на Договорот со Грција и обезбеденото мнозинство во парламентот за изгласување на уставните промени. Бевте упорен и успеавте. Понудата за помирување упатено до опозицијата за случаите на 27 април беше мудра Твоја одлука што изроди плод со обезбедување на двотретинско мнозинство за уставните промени. Некои Те критикуваа дека не ни е потребен НАТО со ослободување на криминалци, но јас и тогаш и сега така не размислувам. Човек треба да биде мудар да најде решение во дадена ситуација па и да плати некоја цена за возврат на добивање на возвишени цели како што е влезот на Македонија во НАТО и ЕУ.
Денот на усвојување на уставните промени Мицкоски го прогласи за црн петок, најцрн ден во историјата на Македонија. Не бре Црни Мицко, петок 19 октомври е ден на разумот што Ти Мицко и раководството на ДПМНЕ го немате. ДПМНЕ изјавува дека народот ќе ги фрлил на буниште тие што гласаа за уставни промени. Не бре Мицкоски, тие што гласаа за уставните промени се херои, а Вашата партија ДПМНЕ ќе остане на буниште, отфрлена и изолирана од меѓународната заедница и од европските народни партии. Со Вашето лидерство, Мицкоски партијата ДПМНЕ нема иднина, таа ќе остане како шугава овца во стадо овци!
Седумте члена пратеници од вашата партија што гласаа за уставните измени, што Ти Мицко веднаш по гласањето ги исклучи од ДПМНЕ, се херои и прави патриоти а сите останатите сте велепредавници. Кога Заев понуди помирување за случаите од 27 април, Вие Мицкоски требаше тоа да го прифатите и да дојде до двострано помирување, пратениците на опозицијата да гласат за уставните промени а за возврат 36 лица кои се судат за предметот 27 април, меѓу кои се и Вашите 6 пратеници, да бидат амнестирани. Помирувањето и помилувањето подразбира давање простување и од двете страни, а Вие сакавте да добиете помилување за обвинетите и да не ги подржите уставните измени. Вие Мицкоски само барате отстапки во Ваша корист а за возврат ништо не давате. Не заборавајте Мицкоски, секоја игра има правила кои мора двете страни да ги почитуваат. Се сеќавате кога Заев ги прифати сите Ваши барања, претседател на ДИК од опозицијата, пржинска влада на избори, закон за финансирање на партиите, а Вие Мицкоски не мрднавте со малиот прст – ништо не дадовте и останавте на тврдите ставови за Договорот со Грција и го бојкотиравте референдумот. Ова покажува дека Вие Мицкоски не сте човек од збор, типичен балкански политичар од мал калибар кој се служи со селски итроштини и превара.
Обвинетите за 27 април Ви кажуваат „лути сме и гневни Христијане за предавството од тебе“, разочарани од Вашите ветувања спрема нив што не сте ги исполниле и тие барат од Вас да престанат нападите на пратениците! Обвинетите за 27 април ги оставивте сами на цедило и тие самите бараат помирување на место Вие Мицкоски како лидер на ДПМНЕ тоа да го правите! Замислете каква ситуација, тие луѓе што претходното раководство на ДПМНЕ и екс лидерот Никола Груевски ги натеравте и злоупотребивте да убиваат пратеници од тогашната опозиција, Заев, Села и други за да ДПМНЕ и Никола Груевски остане на власт, сега кога Заев понуди помирување и помилување во замена да гласате за уставните промени Вие тоа елегантно го одбивте. Освен Никола Груевски да го амнестирате и ослободите од затвор поради што ги правете сите овие глупости, сите други обвинети за разни кривични дела ги пуштивте да „одат низ вода„!
Обвинетите за 27 април Ве прочитаа Мицкоски, тие треба сами да се бранат од обвиненијата за кои се судат. Обвинетите можат сами да се бранат доколку прифатат да сведочат и да кажат кој им дал наредба да убиваат пратеници, каков бил планот на организацијата за воведување вонредна состојба и други работи кои им се познати за случувањата на 27 април, со што ќе се покренат нови обвиненија против налогодавачите и на тој начин некои од нив да бидат ослободени од казна, условно казнети или казнети со помалку години затвор. Само тоа им останува на обвинетите за 27 април, Владата не може „од чиста мира„ да амнестира криминалци кога е на прагот за влегување во НАТО и ЕУ. Толку!
Порано мислев дека фракционерите во ДПМНЕ кои се залагаа за реформи и демократија во партијата, како Јове Кекеновски и други, навистина ќе се дистанцираат од политиките на Мицкоски во однос на Договорот со Грција, но испадна дека реформистите со ништо не се разликуваат со тврдокорните на Мицкоски. Воопшто не ме интересира што партијата ДПМНЕ ќе прави во иднина, но многу ме интересира како ние останатите, посебно Владата и СДСМ, ќе се справат со ДПМНЕ која повеќе наликува на злосторничко здружение отколку на политичка партија. Доколку обезбеденото мнозинство од 80 пратеници се задржи во иднина, за што е потребно одредена стратегија како тоа ќе се направи да тие 8 пратеници и други доколку се приклучат, да ги вклопат во парламентарното двотретинско мнозинство, а Христијан Мицкоски по секоја цена да се потрудат да остане лидер на ДПМНЕ. Нема подобар човек од Мицкоски кој ќе ја упропасти партијата со можност за нејзино распаѓање за среќа на Македонија и народот.
Што се однесува до Никола Груевски тој по секоја цена треба да оди во затвор по пресудата по предметот „Тенк„ (мерцедесот). Тоа ќе биде триумф за Македонија како станува правна држава во време на завршување на процесот со имплементација на Договорот со Грција и нејзино зачленување во НАТО и отпочнување на пристапните преговори со ЕУ. Ќе се случи некаква симболика, со самото влегување на Македонија во НАТО во исто време со затварање на Груевски Македонија почнува да бидува правна држава. Затварањето на Никола Груевски ќе го отвори процесот за забрзување на судските предмети од СЈО што се водат против Никола Груевски за други дела и против поранешното раководство на ДПМНЕ. Во врска со вонредниот правен лек да одлучува Врховниот суд за евентуално повторување на постапката, треба да му се стави до знаење на претседателот да не ја повторува грешката со Седат Кочан за да не се отвори кривична постапка и против него! Сигурен сум дека ќе ја сфати пораката, од причина што претседателот на Врховен суд не е толку чист и глуп за да си направи самиот на себе беља!
На крајот му посакувам на премиерот Зоран Заев успешно да го заврши процесот на промена на Уставот спрема барањата од Договорот со Грција, за што мислам дека нема да има проблеми после „мртвиот Мицкоски„ (парафраза за мртвиот договор со Грција на што тој се повикуваше).
Не рекле луѓето за џабе, на добриот човек како Заев и Господ му помага…