Комуналните инспектори на Град Скопје извршија увид на јавните површини во делови од градот на кои се поставени импровизирани живеалишта и констатирале нарушување на комуналниот ред и јавната чистота, односно непочитување на одредбите од Законот за јавна чистота, соопштија градските власти.
Тие им изрекле опомена на граѓаните кои ќивеат во вакви живеалшта во близина на НБРМ, пред зградата на АСТЕРА и лицата лоцирани под Кале.
„Градот Скопје има обврска да се грижи за чистотата во градот, а особено да превенира и да се справува со причинителите на загадувањето на воздухот. На основа на ингеренциите што ги има Град Скопје и секогаш водени од потребата на граѓаните, Градот Скопје има намера да го решава ова прашање кое години наназад се провлекува“, соопштија од Градот.