Опозицијата се враќа во Собранието на голема врата

Дали разбирате што сака да каже лидерот на ДПМНЕ Мицкоски? Јас ќе бидам искрен, одвај го слушав, не го разбирав, а тоа што ќе го разберам нема никаква логика! Каков е овој универзитетски професор кој во своите одговори се прави „на Тошо„, „врти као киша око Крагујевца„ – кој да го знае!

4532

Ако ВМРО-ДПМНЕ се врати во Собранието, ќе се врати на голема врата, а првата работа што ќе ја направи е поднесување интерпелација за работењето на Владата, каде што пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги образложат сите оние злоупотреби и грешки што ова владејачко мнозинство во изминатите десет месеци ѝ ги нанесе на нашата татковина, а ќе можеме да видиме како владејачкото мнозинство ќе одговори на тие прозивки, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ-Христијан Мицкоски во интервју за Радио Слободна Европа. Веднаш после тоа следуваше соопштение на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО ДПМНЕ дека одлучил пратениците да се вратат во Собранието, со прва задача дека ќе поднеле интерпелација за работата на Владата, веднаш по враќањето. Иако веста е објавена на 1. Април мислам дека не е априлска шега!

Ми остава впечаток две работи, првата дека опозицијата ДПМНЕ се враќа во Собранието НА ГОЛЕМА ВРАТА, а втората е дека уште не влезени имаат подготвено интерпелација на неспособната влада на СДСМ која откако ќе влезат на големата врата одма ќе ја поднесат! Сум ја читал многу порано книгата од Андре Жид „Тесна врата„ што значи дека во библијата пишува дека низ тесната врата влегуваат само верниците праведници без направени гревови. Спрема ова пишување во библијата, значи дека опозицијата ДПМНЕ која влегува низ голема врата во Собранието се грешници, луѓе без добри намери кои ќе прават само проблеми во Собранието. Влегувањето на опозицијата на голема врата треба да значи дека ќе прави големи проблеми, што се покажува од нејзиното досегашно однесување!

За второто прашање, интерпелација за недоверба на Владата. На ТВ интервју од 3 април на прашањето на Чомовски зошто ќе поднесат интерпелација на Владата кога знаат дека немаат парламентарно мнозинство, лидерот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во негов стил, ќе одговори кога тие ќе ги образложат сите злоупотреби, криминали, корупција, контрола на судството, грешки, економското цунами и политичкиот тероризам што го прави оваа Влада во изминатите десет месеци можеби ќе се најде мнозинство за изгласување недоверба на владата во Собранието. Не верувам дека и самиот Мицкоски верува во ова што го кажува, самиот себе се лаже и што е полошо тој самиот верува во своите лаги! Интерпелацијата на владата е повеќе реклама и најава дека се враќаат во Собранието, демек на голема врата па мира да има и големи талам буки!

На интервју на ТВ Телма од 3 април 2018 година со Александар Чомовски, лидерот на ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку одговорите самиот се портретира како човек и воедно ја зацрта политиката на партијата што ја води. На прашањето кој носи одговорност за државниот удар и бруталноста во Собранието на 27 април, Мицковски ќе одговори (пара фризирано) дека тогаш постоела некоја вооружена група во Чаир која ја загрозувала безбедноста на земјата за кое знаел министерот Нахиу кој имал златна команда но не преземал никаква мерка и за тоа некој требало да одговара (!?). Или на прашањето нели ви е јасно кој стои зад случувањата во Собранието, Мицкоски одговара кога тие ќе дошле на власт ќе направиле среќна држава, се што било погрешно тоа ќе го санирале и грешките ќе ги сведеле на минимум, дека фокусот на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде нова надеж… тоа било императив на нашата држава (!?). Или на прашањето кој ја опљачкал Македонија и каде се однесени парите, Мицкоски ќе одговара: „Она што јас верувам е подобро утре за Македонија … ова влада ја оштети Македонија… држава на среќно граѓани… катастрофално лошите политики на ова влада … да понудиме алтернатива кое значи ново утре, нова надеж како императив за нашата држава …„

На конкретно прашање на Чомовски, зошто одбегнувате да одговорите за случувањата во Собранието, Мицкоски ќе одговори: … јас бев со народот… дали да бидеш со народот значи дека делувате насилнички… тој ден бев во партиското седиште … кога се наоѓав кај портата видов народ и влегов да видам што се случува (!?)…бев заедно со народот… горд сум што протестирав заедно со народот „за заедничка Македонија„ … она што загрижува кој изгуби… загрижува чинот на избор на претседател на Собранието… народот 80 дена со мирните протести му укажуваше на Зоран Заев да не го прави тоа што го направи (од каде знаеле однапред што Заев ќе прави?!) Заев е избран да ги оствари ветувањата, 30.000 просечна плата, минимална плата 16.000, плата за лекарите 100.000, поголеми субвенции, поголемо вработување… На прашањето кој командуваше со целата операција, Мицкоски ќе одговори, не, јас бев во мојата канцеларија…

Понатаму, на прашање дали давате поддршка за решавање на спорот со името, тој ќе одговори: процесот се води егзибионистички… не ми е јасно дали ќе има додавка на името… немам впечаток дека се движиме кон решение… победува оној кој е мотивиран за интересите на државата и паметен… А на прашањата имате анти албанска лексика … имате резерви кон договорот за добро соседство, тој ќе одговори: Не можете да водите политика на добрососедство со свиткана кичма… суштината на власта е да го задржи столчето… ни се случува економски цунами и политичка депресија… ние не водиме антиалбанска политика… ние сакаме да го направиме овој живот подобар… држава на среќни граѓани… ние ќе понудиме ново утро за Македонија… со најдобра програма… поминав 18 општини… каков живот синко, ваков чемер немало никогаш…

Дали разбирате што сака да каже лидерот на ДПМНЕ Мицкоски? Јас ќе бидам искрен, одвај го слушав, не го разбирав, а тоа што ќе го разберам нема никаква логика! Каков е овој универзитетски професор кој во своите одговори се прави „на Тошо„, „врти као киша око Крагујевца„ – кој да го знае! Одговорите на Мицкоски ме посети на разговор со глуви, како вицот со една стара глува баба. Комшијата ја поздравил бабата со „добро утро, бабо„, а таа одговорила: „ние си имаме бебе синко„. Комшијата рекол: „Да ти е..м ушите бабо„, а таа му одговорила: „да Ти се врати и тебе синко„. Така ми личеше интервјуто со лидерот на ДПМНЕ Христијан Мицковски водено со новинарот Александар Чомовски на ТВ Телма на 3 април 2018 година.

Што може да се очекува од пратеници на ДПМНЕ кои отворале врата во Собранието на 27 април, од пратеници кои мирно ја гледале „крвавата свадба„, од лидер кој бил заедно со тепачите, од лидер во сенка полн со патолошка омраза?! Ништо добро. Малите луѓе преку големата врата гледаат големина на својата маленкост за која се свесни или потсвесно тоа го чувствуваат! Неспособните луѓе ги критикуваат другите, во случајот Владата, преку што добиваат сатисфакција дека тие се подобри од тие што ги критикуваат! Луѓе полни со омраза навоѓаат лична сатисфакција и смиреност кога својот отров го истураат во околината, во случајот против Владата. Тоа е нашата македонска стварност во која живееме!

Бељата наречена ДПМНЕ влегува на голема врата за да прави големи проблеми! Нека бог ни е на помош….

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...