Опозицијата обвини дека во парламентот се злоупотребува европското знаменце

69
Photo: EPA-EFE/Georgi Licovski

Собраниската седница на која треба да се расправа и за интерпелација на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски  денеска беше прекината затоа што неколку предлог закони за кои се очекува да расправаат пратениците прво треба да поминат на собраниските комисии.

Опозицијата забележа дека и на оваа седница, владејачкото мнозинство, продолжи со претходната пракса – да носи закони по скратена постапка, иако неколку пати досега имаше предупредувања дека тоа се одразува и на транспаретноста на постапката и на квалитетот на донесените закони.

Координаторот на ВМРО – ДПМНЕ, Никола Мицевски обвини дека се злоупотребува европското знаменце при усвојувањето на законите.

Инаку, опозицијата бара да се расправа и за функционирањето на полицијата, откако министер е Оливер Спасовски, за кого сметаат дека работи несовесно, неодговорно и нетранспарентно.

– Спасовски го прикрива криминалот наместо да го сузбива. Откако тој е на оваа фунција секој ден има грабежи, убиства, насилства. МВР само прави анализи, не дејствува, не ги расветлува случаите. На сметка на ова, граѓаните ја изгубија довербата во полицијата. Корупцијата цвета, на дното сме на листата за борба против корпција. Според листата на „Транспаренси интернешнл“ паднати сме 17 места подолу. Затоа Спасовски мора да поднесе одговорност – образложи Мицевски пред да биде поднесена интерпелацијата.

Претходно, пратениците ја изгласаа одлуката за испраќање на припадници на АРМ за учество во мировната операција „Одлучна поддршка“ во Авганистан.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...