Опозицијата во Унгарија со писмо до Орбан: Груевски да биде екстрадиран во Македонија

373

Три унгарски опозициски партии преку отворено писмо побараа поранешниот премиер Никола Груевски да биде екстрадиран во Македонија.

Социјалистичката партија, Дијалог за Унгарија и Демократската коалиција велат дека владата предводена од Виктор Орбан треба да бидe свесна дека не само што со азилот не се согласува унгарскиот народ, туку и граѓаните на Европската Унија.

„Неприфатливо е Никола Груевски ја добие азил во Унгарија, без согласност на унгарскиот народ “, напишаа тие во писмото на три страни.

Тие ја повикаа Владата на Унгарија да се врати на европскиот пат и да ги почитува европските стандарди, основните вредности на Европската унија и човековите права.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...