Околу 2 часот по полноќ во скопски Аеродром во Скопје било опожарен автомобил БМВ, сопственост на приватна здравствена установа.
Полицијата соопшти дека околу 2 часот ноќеска на бул. АСНОМ во Скопје било опожарено патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, сопственост на приватна здравствена установа.
Во пожарот била опожарена десната задна страна на автомобилот. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарнa заштита. Полицијата ќе изврши увид во текот на денот.
Возило „мерцедес Ц 180“ е опожарено синоќа во 01:30 часот во дворот од семејна куќа на улицата „Гоце Делчев“ во велешкото село Отовица.
Возилото е сопственост на 64-годишниот С.И. од Велес. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица во Велес.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Велес.