Опожарени две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска

465

Опожарени се две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска. Случајот бил пријавен во полиција изутрината околу 9 часот.

Како што информира МВР, сопственик на едната приколка е С.З. (44) од Скопје, а на другата се уште не се знае сопственикот.

Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот како и за висината на материјалната штета.

На улицата „Моша Пијаде“ во Куманово изутрината, околу 2:30 часот, целосно изгорело патничко моторно возило „Ауди А4“ со кумановски регистарски ознаки.

Возилото е сопственост на С.К. од Куманово со стан на истата улица. Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...