Пејачката Сузана Турунџиева во телефонска изјава за ТВ 24 потврди дека рано утринава нејзиниот автомобил бил сериозно оштетен откако го зафатил пожар.
Освен нејзиниот, пожар го зафатил и автомобилот на нејзината колешка, пејачката Ребека Јанковска – Ристески, додаде Турунџиева. Возилата на двете пејачки биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза.
Сѐ уште нема информација како дошло до пожарот, дали е подметнат и од кого, како и кои се мотивите. Турунџиева нагласува дека таа нема долгови кон никого.
Надлежните велат дека нема повредени во пожарот кој избувнал околу 3 часот изутрина, а којшто пожарникарите го гаснеле еден час. Возилата на двете пејачки биле паркирани на паркинг кај ТТЦ Плаза во Скопје.
Повредени, за среќа, нема, а се очекува увидот да ги утврди причините за избувнување на пожарот.
ФОТО Принтскрин Репортер