Полицијата во Сараево уапсила 27-годишник кај кого биле пронајдени три пакетчиња кристал мета. Оваа дрога брзо предизвикува зависност, барајќи сѐ почесто земање и сѐ поголема доза.
Се нарекува и „кокаин за сиромашни“, лесно се прозиведува во куќни лаборатории и поевтин е за разлика од другите наркотици.
Може да биде и поопасен од хероинот и кокаинот, бидејќи делува погубно на мозокот и нервниот систем.
Корисникот физички пропаѓа, добива отоци по цело тело, а голем број од лицата на крај заболуваат од ХИВ.