Опасен маневар – ловец на НАТО сакал да долета до авионот на министерот Шојгу, го премислил „Сухој 27“

2039
ФОТО: МИА

Ловец „Ф-18“ на силите на НАТО над неутралните води на Балтичко море се обидел да му се приближи на авионот со кој патувал рускиот министер за одбрана, Сергеј Шојгу, но бил спречен од руски ловец „Сухој 27“.

Авионот во кој се наоѓал Шојгу летал од Калининград за Москва во придружба на два ловци „Су-27“

Дописникот на агенцијата Тасс, кој се наоѓал во авионот на рускиот министер за одбрана, јавил дека руските борбени авиони го присилиле „Ф-18“ да се одалечи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...