Опасен крадец во Охрид – влегувал во куќи, насилно на улица одземал чанти, накит…

258
Фото: МВР

СВР Охрид поднесе кривична пријава против М.Д.(30) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ и три кривични дела ,,тешка кражба”.

На 3.09.2019 и 04.09.2019 на подрачјето на Охрид пријавениот, со употреба на физичка сила, од четири лица одзел чанти и кеси во кои имало пари, златен накит, мобилни телефони и други предмети.

Во истиот период, на подрачјето на Охрид, во три куќи, пријавениот насилно влегол и одзел пари, златен накит и часовници. Со ова пријавениот се стекнал со противправна имотна корист од 331.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...