ОН: САД имаат најмногу деца во притвор

Во светот има повеќе од седум милиони луѓе под 18 години кои се во затвор и полициски притвор, вклучувајќи и 330.000 во имиграциски притвор, изјави независниот експерт Манфред Новак.

51

Повеќе од седум милиони луѓе под 18 години се наоѓаат во затвори и полициски притвор низ целиот свет, покажа студија на ОН.

Соединетите Американски Држави имаат најголема стапка на деца во затвори во светот, вклучувајќи ги и повеќе од 100.000 во имиграциски притвор, што претставува кршење на меѓународното право, стои во студијата.

– Во светот има повеќе од седум милиони луѓе под 18 години кои се во затвор и полициски притвор, вклучувајќи и 330.000 во имиграциски притвор, изјави независниот експерт Манфред Новак.

Според Глобалното истражување на ОН за деца лишени од слобода, децата треба да бидат задржани во притвор „само во крајна нужда и на најкус можен рок“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...