ОН: Најопасно место за жените е нивниот дом

289

Едно од најопасните места за жените е нивниот дом, се наведува во извештајот на агенцијата на Обединетите нации за рамноправност на половите, насловен „Напредокот на светските жени“.

– Шокантното секојдневно злоставување на партнерот статистички значи дека домот е едно од најопасните места за жената – вели извршната директорка на Агенцијата ОН Жени (UN Women) Фумзиле Мламбо-Нгкука.

Во извештајот се повикуваат државите членки да повлечат потези и да ги прифатат законите со кои ќе ги заштитат жените од семејно насилство. Во него се посочува дека спрегата на патријархална моќ, власт и контрола над жените и децата можат семејството да го направат опасно место, каде насилството над жената се простува и постојано се повторува.

Во 19 од 189 земји и територии опфатени со истражувањето, законите од жената строго бараат послушност кон сопругот. Во 11 од нив, брачното силување не е криминализирано со закон.

Околу 76 отсто од земјите во светот до 2018 година имале закони кои го сузбиваат семејното насилство. Но, дури 17,8 отсто во последните 12 месеци пријавиле психичко и сексуално злоставување од страна на своите партнери.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...