ОН го поддржува Меѓународниот договор за трговија со оружје

Договорот за трговија со оружје е единствениот светски документ насочен кон зголемување на транспарентноста и контрола над меѓународната трговија со оружје, се вели во изјавата на Гутереш.

81

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш смета дека Меѓународниот договор за трговија со оружје, е единствен транспарентен инструмент во таа сфера особено важен во период на тензии во светот. Тоа се нагласува во изјава на Гутереш во врска со објавата од САД дека нема да го ратификуваат документот.

Договорот за трговија со оружје е единствениот светски документ насочен кон зголемување на транспарентноста и контрола над меѓународната трговија со оружје, се вели во изјавата на Гутереш.

– Тој е особено важен сега кога се воочени зголемени меѓународни тензии – нагласува Гутереш.

Генералниот секретар додава дека договорот е важна етапа во напорите за обезбедување одговорност во трговијата со оружје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...