ОН: Алармантно е загадувањето во големите градови во Западен Балкан

Во извештајот се наведува дека луѓето во регионот се „изложени на една од најголемите концентрации на загадување на воздухот во Европа, која е и до петпати поголема од националните и ЕУ насоките“. 

325

Луѓето во сите поголеми градови во Западен Балкан се соочуваат со алармантно ниво на загадување на воздухот, кое го намалува очекуваниот животен век, се наведува во извештај на ОН.

Во денеска објавениот Извештај на Програмата за заштита на животната средина на ОН, се посочува дека „неразвиениот и политички кревок“ регион во голема мерка се потпира на согорувања масло за производство на енергија.

Извештајот е изработен врз основа на податоци од 18 градови и подготвен во координација со Светската здравствена организација и институциите за проценка на квалитетот на воздухот од Србија, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија.

Во него се наведува дека луѓето во регионот се „изложени на една од најголемите концентрации на загадување на воздухот во Европа, која е и до петпати поголема од националните и ЕУ насоките“. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...