Читам и не ми се верува..
Размислувале во Владата – уау, каков напредок, они „размислувале“! – дали Шар Планина да стане национален парк или да се правел пат од Тетово до Призрен низ Шара, со тунели и со триста чуда…
Замислете! Ма не можете, незамисливо е!
А бе шапшали едни, секој нормален ќе ви каже – ни едното ни другото!
Ако некој таму има со што да размислува, ама сериозно, нека почне да размислува за тоа дека за стотина милиони евра (за почеток, многу помалку) на Шар Планина и на Попова Шапка може да се изгради голем, модерен и доходовен зимски туристички центар, кој ќе обезбеди најмалку 100 дена туристичка сезона, странски инвестиции, вработувања, илјадници туристи, годишни приходи какви што Охрид, на пример, не може ни да замисли…
А бе шапшали, за ова за што ви зборувам се правени сериозни студии пред половина век. Ова го знаат неколку паметни луѓе од Тетово, со кои бев и сè уште сум во контакт. Се помачивме пред извесно време да направиме нешто заедно, со цел ова да се сфати. Донесовме еден експерт од Словенија, да подели малку ум. Убаво ни тргна и по пат некаде работата фати друга насока..
Сеедно, мислители големи, во можност сме пак да ве споиме со стручњаци од Балканот и пошироко, да ви објаснат каков ќуп злато е Шара и што сè може да и донесе на Македонија. Не мора дури ни да ве спојуваме, сами ќе ги најдете. Не измислувајте топла вода, измислена е!
А бе трупои, не зборам јас на памет. Ова што го заговарам на Јахорина се направи за само една година! Знам кој човек го направи тој подвиг. Знам и како. Ако знам јас, можете и вие да научите. Јас сум само љубител и малку тетоец по потекло, а вие сте платени со народни пари и сте должни да знаете и да учите.
Делкаат пари сега луѓето на Јахорина. А наша Шара е во 19 век, шапшали едни! Дајте бе, не мислете ништо, измислено е сè. Само кренете глава, аман, научете нешто!
Или копајте таму тунели, берете цвеќиња, што ли… Недоветни едни! Дозакопајте нè до крај!