О’Нил повеќе не е селектор на Република Ирска

61

Мартин О’Нил нема повеќе да ја предводи фудбалската репрезентацијата на Република Ирска – објави денеска тамошниот сојуз.

О’Нил и Фудбалската асоцијација на Република Ирска се согласија со заеднички договор по неуспехот на Лигата на нации и испаѓањето во Ц дивизијата, во конкуренција на Данска и на Велс.

Тој помина пет години на селекторското место и ја предводеше Ирска до осминафиналето на Европското првенство во Франција, а потоа не успеа да го обезбеди пласманот во Мундијалот во Русија во групата со Србија, но сепак доби нов договор до 2020 година.

Сепак, по новото потфрлање, поранешниот менаџер на Сандерленд, Лестер, Астон Вила и Селтик мораше да замине, исто како и неговиот помошник, Рој Кин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...