Живееме во потрошувачко општество и секако, сите сакаме да купуваме и тоа, да купуваме повеќе од што треба. Барем сите ние кои можеме да го правиме тоа затоа што имаме редовни и пристојни приходи. И сите ни одат за неговото величество – стомакот.
Убаво е да се купува, па дури понекогаш и да се заглави во некој мол, но ако треба да избирам, верувале или не, попрво би одбрала шопинг по тезги. Следствено на ова, омилено место „за искачање“ не ми е Сити Мол, туку Зелено пазарче.
И така, ден по бунтот на пазарџиите отидов да проверам дали се сите на своите тезги. Беа таму, на своите работни места, на студот, дишејќи го загадениот воздух од кој сите гледаме што побргу да побегнеме откако набрзина ќе си ги завршиме обврските. Ама за нив нема бегање. Беа во лошо расположение, ама секогаш спремни за муабет.
Повеќето од нив се луѓе со кои може да се зборува на сите теми и тоа и го правам, со големо задоволство. Таму ќе најдете и луѓе од село, и такви кои од град побегнале во село (оние кои од село бегаат во град, генерално, не седат на тезги), и такви со основно, средно, но и со факултетски дипломи, а сите подеднакво си ја фалат, се разбира, токму својата роба.
Целиот текст прочитајте го на порталот „Арт кујна“.