Омилено машко име во Србија е Лука, најчесто женско име е Софија

Софија, инаку, е и најпопуларното име за девојчиња во светски рамки.

208
БЕСПЛАТНА ФОТО ПИКСЕЛС

Последниве години во Србија има сè повеќе девојчиња со имињата Ема, Уна, Ања, Теа и Ива, а пак, момчињата носат имиња на апостоли и светци, но и Стефан, Лазар, Филип и Вук, јави Танјуг.

Според српскиот Републички завод за статистика, омилено машко име во земјата е Лука, а потоа следат Стефан, Лазар, Филип, Вук и Никола.

Најголемиот број од девојчињата пак, родени лани ширум земјата, го носат името Софија, па следат Дуња, Сара, Теодора, Милица и Николина. Софија, инаку, е и најпопуларното име за девојчиња во светски рамки.

Името Лука е омилено машко име и во Хрватска, а во Словенија е меѓу 10-те најбарани, пишува белградска „Политика”.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...