Омиленото јадење на Путин има само две состојки

Постои еден оброк кој тој би можел да го јаде во секое време, а најмногу го сакал кога Људмила го подготвувала.

4064

Путин во повеќе наврати истакнувал дека се обидува да се храни здраво и дека најмногу консумира зеленчук, а наутро главно одбира да јаде житарки и мед.

– Доколку морам да изберам помеѓу риба и месо, повеќе сакам риба, а од месо најмногу јагнешко. Генерално сум рамнодушен кон слатките, не земајќи го предвид сладоледод. Се навикнав и на зелениот чај, а кога патувам секогаш се обидувам да ја испробувам локалната кујна. Тоа е тоа… Вообичаено не ручам затоа што немам време. Попладне јадам некое овошје, пијам кефир, а ако го нема тогаш не јадам ништо – изјавил тој во една прилика за руските медиуми.

 

Меѓутоа, во оваа книга Људмила тврди нешто поразлично и истакнува дека е многу пребирлив и дека е во состојба да одбие вечера доколку нешто не му се допаѓа.

Сепак, неговата поранешна сопруга Људмила во книгата „Владимир Путин: Патот кон власта“, тврди поинаку и истакнува дека е многу прибирлив кога храната е во прашање, како и дека е во состојба да ја одбие вечерата ако нешто не му се допаѓа.

Во својот семеен живот Путин се придржува на два основни принципи:

– Жената мора да ги извршува сите домашни работи;
– Не смеете премногу да ја фалите жената за да не ја „расипете“, навела Људмила во својата книга.

Сепак, постои еден оброк кој тој би можел да го јаде во секое време, а најмногу го сакал кога Људмила го подготвувала. Неговото омилено јадење е мошне едноставно.

Станува збор за дунавска харинга со компири, а подготовката е многу едноставна.

Состојки:

– компир
– дунавска харинга

Подготовка:

Сварете го компирот со лушпа, а кога ќе се свари добро исцедете го и посолете го.
Испржете ја харингата и добро посолете ја, таква каква што е мрсна.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...