Омилениот Чендлер од „Пријатели“ уништен: Пропаднат, подуен, оќелавен… ФОТО

Неговата лоша трансформација не е резултат на годините, туку на животот исполнет со наркотици и алкохол.

1444

Еден од најомилените холивудски актери своевремено секако беше Метју Пери (49), кој неверојатна светска слава стекна со улогата на Чендлер во култната серија „Пријатели“.

Неговата лоша трансформација не е резултат на годините, туку на животот исполнет со наркотици и алкохол.

Метју пред шест години првпат јавно проговори за проблемите со зависностите. Како што објасни актерот, оваа голгота почнала во 1997 година кога тој доживеал несреќа при скијање, кога и се повредил.

Лекарот му препишал таблети против болка и за смирување, но тој не запрел само на тоа.
– Додека земав лекови ми беше одлично. Но, компликациите започнаа кога вметнав алкохол во приказната. Потоа не можев да престанам да мешам – рекол актерот.

Два пати беше на рехабилитација. Метју заработуваше милион долари по епизода додека неговата популарност растеше, растеше и неговото лично незадоволство.

FOTO: Instagram/Printskrin

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...