Омилената холивудска актерка на Хвар јадеше јастог на жар ВИДЕО

Доаѓањето на оскаровката Шарлиз Терон секако е шлаг на тортата оваа летна сезона.

1442

Холивудската актерка Шарлиз Терон е една од многуте славни личности кои летово го посетија хрватскиот остров Хвар.

Познат е фактот дека Хвар е омилената дестинација на светските ѕвезди, а голем број ова лето впловија на најсончевиот хрватски остров, но доаѓањето на оскаровката Шарлиз Терон секако е шлаг на тортата оваа летна сезона.

Таа вчера пристигнала на Хвар со семејството и ручала во познатиот ресторан „Гарифул“, каде порачала јастог на жар и врвно вино, но потоа резервирала маса и за вечера.
Шарлиз, замаскирана со сламнет шешир и големи очила за сонце, заедно со посвоената ќерка Аугуст се фотографирала со вработените во ресторанот по ручекот.

Снимката со 43-годишната актерка набрзо осамна на Инстаграм-профилот на ресторанот, а на неа Шарлиз зборува дека се чувствува фантастично.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...