Олумчев: Нема потреба од паника поради тигрестиот комарец

224

Детектирањето на тигрестиот комарец во општините Богданци, Дојран и Гевгелија предизвика вознемиреност кај населението поради опасноста од болестите што може да ги пренесе, но место за паника нема, вели епидемиологот д-р Сашко Олумчев од подрачната единица на Центарот за јавно здравје во Гевгелија.

Европскиот тип на тигрест комарец кој може да ја пренесе опасната зика вирусна треска откриена во земји од нашето опкружување, особено во Грција како земја од посебен јавно здравствен интерес за нас бидејќи во летниот период голем број наши граѓани престојуваат таму, посочува Олумчев, како ентитет не беше карактеристичен за балканските простори. Но, додава тој, зголемувањето на интензитетот и екстензитетот на трговијата и патувањето без доволна и ефикасна контрола, овозможија пасивен трансфер на комарецот од јужната на северната хемисфера така што тој сега е класифициран како еден од стоте инванзивни видови вектори кај нас.

– Овој комарец веќе покажува знаци на прилагодување кон постудени клими, што може да резултира со пренесување болест во нови области особено во северната полутопка што го прави атрактивен од јавно здравствен интерес. Поради тоа се воведоа системи за надзор од Европскиот центар за контрола на болестите, во кој сме активно вклучени и ние како земја партиципиент – рече Олумчев и додаде дека во овој период комарецот хибернира.

Тој потсети дека уште во 2016 година присуството на тигретиот комарец е докажано во атарот на општина Богданци, за да се прошири и на други општини како што е Дојран каде со поставување мамки на сомнителни територии, беше потврдено неговото постоење

На териториите на општините Гевгелија, Богданци и Дојран постои редовна интерактивна соработка меѓу локалните самоуправи и епидемиолошката служба во Гевгелија за преземање навремени и адекватни мерки со кои биорасположливоста на тигрестиот комарец се контролира и се сведува на минимум, вели Олумчев и во насока на смирување на населението нагласува дека опасноста од појава на болести што ги пренесува тигрестиот комарец на југоистокот од земјата е минимизирана.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...