Олимпискиот стадион во Токио од 1,4 милијарда долари ќе биде отворен на 21 декември

199

Осум месеци пред почетокот на Летните олимписки игри во Токио, завршена е изградбата на олимпискиот стадион во јапонската престолнина, а отворањето е закажано за 21 декември.

Стадионот во Токио има 60.000 седишта, а неговата изградба која заврши вчера, чинеше 1,4 милијарда долари. На овој стадион ќе се одржат церемониите на свеченото отворање и затворање на игрите следната година, а ќе има и фудбалски мечеви и натпреварувањата во атлетика.

Новиот објект е изграден на истото место на кое беше стариот олимписки стадион во Токио, направен за Олимписките игри во 1964 година. Бидејќи во лето во Токио е многу топло, има 185 големи вентилатори и осум распрскувачи на вода.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...